Оставка на директорката на МНТ, министерот за култура, како и одговорност од Зоран Заев, побара потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за дивеењето на навивачката група Шверцери во новата зграда на Македонскиот народен театар во Скопје.

Николоски бара одговорност од тие што дозволиле дивјаштво во објект каде треба да се негува националната култура. Тој реагира за однесувањето на навивачката група Шверцери кои на недоличен начин славеле јубилеј од постоењето во новиот објект на МНТ.

– Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво. Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група! Па уште истата да се вика Шверцери! Името на навивачката група сугерира криминал. Што да очекувате од таква навивачка група освен сквернавење на најубавиот театар во Македонија? Тоа е разликата – некој гради, некој уништува! За ова е потребна оставка на директорката на МНТ, министерот за култура, како и одговорност од Зоран Заев! Заев е виновен!, вели Николовски.