Навистина е големо задоволство што ова лето граѓаните од тиквешкиот регион, од Прилеп, од Битола, од Ресен, од Могила, од Новаци, од Кривогаштани и оние кој што сакаат полесно да патуваат до Охрид и таму да поминат дел од одморот ќе можат да го користат овој експресен пат, рече Николоски.

Николоски потенцираше дека токму за оваа делница е поместена планина со цел граѓаните да добијат безбеден пат.

-Сакам да честитам на сите оние кои што беа вклучени во реализацијата на можеби втората најтешка делница од сите оние кои што ги работиме во моментов. Гледано како подвиг, после автопатот Кичево-Охрид ова е дефинитивно најсложениот подвиг кој што беше за решавање. Буквално планина се премести за да се изгради овој пат и да биде безбеден што е многу значајно, појасни Николоски.

Николоски појасни дека пуштањето на патот беше одложено неколку месеци за да бидат отстранети сите пречки и граѓаните безбедно да патуваат.

-Решивме отварањето да биде преместено неколку месеци со цел да имаме максимално безбеден пат по кој што граѓаните ќе се обраќат, но исто така да ги отклониме сите пречки кои што стоеја на реализацијата на овој пат, додаде Николоски.