НИКОЛОСКИ: Заев беше против Иловица додека рудникот не доби бугарски газди! Сега никаде го нема!

/ 25.12.2020

Прашањето за Иловица е прашање за опстакок на Источна Македонија. Отворањето на овој рудник ќе значи уништување на целиот крај таму, односно еколошка катастрофа. Затоа и еколошките здруженија и жителите на овој крај се против отворање на рудникот, пишува Република.

Политичката заднина на еколошката катастрофа на повидок ја открива потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Кога му требаа политички поени, Зоран Заев беше против отворањето на Иловица и Владата им ја одзеде концесијата на сопствениците. Еуромакс, тогашниот сопственик на Иловица се жалеше пред Управниот суд и изгуби и Вишиот управен суд реши да пресуди во корист на Еуромакс, но само откако се промени соственицата на Еуромакс. Оттогаш Зоран Заев го нема збор да каже дали се уште е против отворање на Иловица, зашто тој, како и јас, е носител на ИЕ 4, а ова е дел од ИЕ4, рече Николоски синоќа во гостување на ТВ Алфа.

Николоски приложи документ од македонската влада од 15 април 2019 година, во којшто пишува дека Комисијата за заштита на конкуренцијата примила известување за регистрација со којашто друштвото „Галена рисорсес еквитис лимитед“ со регистрирано седиште на Кајманските Острови ќе се стекне со контрола над Еуромакс лимитид, регистрирана во Канада.

По влегувањето на „Галена“ во „Иловица“, таа се стекнува со 53% од вкупните акции. Европската банка за обнова и развој има 7% од акциите, Ричард Грифитс и Ениксон партнерс исто така по 7%, Ричмонд капитал 4% и менаџментот нешто помалку од 4%.

Акционерската структура на „Иловица“: Галена ЛТД е сопственик на 53% од акциите

Рудникот Иловица преку ноќ доби дозвола за работа откако беше продаден на фирма со седиште на Кајмански Острови, а директор стана син на познат бугарски бизнисмен.

Фирмата Галена ЛТД, која е сопственик на Иловица, е регистрирана во оваа куќа на Кајманските Острови, заедно со уште 20.000 фирми

Во оваа куќа е регистриран сопственикот на Иловица. Во неа се регистрирани уште 20 илјади фирми. Своевремено поранешниот претседател на САД Барак Обама рече дека или се работи за најголемата куќа на светот или за добро осмислена шема за перење пари и финансиска девастација, потсетува Николоски.

Николоски објави нов документ во кој пишува дека „Галена еквитис“ ЛТД е контролирана и менаџирана од „Галена асес менаџмент“ и нејзин основен бизнис е да инвестира во купување долгови и акции во касна фаза на мали и средни компании кои понатаму ќе се развиваат во делот на истражување природни ресурси и рударство.

Што прави Владата?

-Владата му ја одзема концесијата на Еуромакс. Еуромакс влегува во долгови и оваа фирма го купува за беспари, објаснува Николоски.

Економските интереси на Галена еквитис ЛТД, пак, се поделени меѓу „Трафигура груп“ и бугарска фирма целосно сопственост на Цоло Вутов, член на Бордот на директори на компанијата и најголем акционер во „Геотрејдинг“.

Кој е Цоло Вутов?

Цоло Вутов е еден од најбогатите луѓе во Бугарија, сопственик на рудници, близок со речиси сите власти во Бугарија. Откако Галена асет менаџмент станува сопственик на 53% од акциите на Иловица, за директор во Иловица Цоло Вутов го поставува својот син Иван Вутов.

 

Иван Вутов поставен за директор на Иловица

-Откако таткото, најверојатно, станува сопственик на Иловица, го става синот во Бордот на директори. Велам најверојатно, зашто се работи за шема на даночни раеви, па тешко се стигнува до крајот. Но, ако сум можел јас да истражам олку, македонските власти можат многу повеќе, објаснува порпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски коментира дека одеднаш откако Цоло Вутов станува сопственик на Иловица, а Иван Вутов директор, концесијата на рудникот не е спорна, а Зоран Заев оттогаш не спомнал дали е за или против отворање на овој рудник.

-Добро е Заев да одговри дали се уште е против отворање на рудник, зашто во кампањата беше против. Значи, луѓето гласале за него, а ако сега е за отворање рудник, значи ги излажал луѓето. Јас и во кампања велев дека сум против и сега велам дека сум против, нагласи Николоски.


Од истата категорија