„Историјата е мајка на знаењето“, „Но пасаран“, „Јас не ја разбирам Мила“… беа транспарентите со кои денеска студентите од Филозофскиот факултет пред Владата се изјаснија против реформите во образованието.

Историчарот Васко Гичевски упати поддршка за акцијата, наведувајќи дека таа покажува оти Македонија се уште има капацитет за сериозна и демократска дебата.

– Пред сѐ би сакал да истакнам дека особено ми е драго што помладите колеги студенти, решиле на вака креативен начин да го изразат својот револт. Тоа говори дека во нашата земја сѐ уштема капацитет за сериозна и демократска дебата. Од друга страна истото тоа значи дека дека сме изградиле доволно самосвесни кадри кои не се плашат јавно да го демонстираат своето мислење по прашања кои ги засегаат. Државите институции треба веќе да осознаат дека современоста не е време на догми и слепо следење на ставови. Од тука како историчар и како човек, кој се залага за квалитативни, а не за квантитативни промени во образованието ги повикувам да официјалните власти да се повлечат од своите позиции. Сите ние сакаме подобрен образовен систем! Секако, доколку тој е изработен врз база на сериозни истражувања и ги консултира сите засегнати страни, каде би биле опфатени сите, од родители до високите образовни институции. Образованието е премногу скапоцена работа за таа да се прави невешто, слепо и набрзина – истакна Гичевски.

Тој смета дека ригидните желби на МОН за брза реформа нема да доведат до квалитетно решение.