НИКОЛОСКИ: Заев има изгубено фокус, па му остануваат само тужбите

/ 20.12.2019

Тоа што јас го кажав во текот на месец август е дека според нашите информации не се работи само за еднен бизнисмен, кажав дека се работи, односно дека се изрекетирани повеќе бизнисмени, а сумата е околу 20 милиони евра и немаше реакција од СДСМ. И на крај на месецот на 28 август кажав бидејќи дваесеттина дена не ме демантираат значи дека е точно. Замислете ако ние како политичари ги решаваме несогласувањата на суд што ќе биде. Замислете премиер да го даде на суд вториот човек во опозицијата, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија АлсатМ.

Според него премиерот Зоран Заев го тужи од две причини, прво, изгубил фокус и второ, како што рече Николоски, му рекла некоја екипа околу него „шефе уживај, ќе го тужиме и ќе го добиеме на суд“.

Николоски рече дека јавно е познато колку пари му би побарани на Јордан Камчев, Силјан Мицевски, од струшките бизнисмени, и како што рече ова е само од Рекет, а да не зборувам за Рекет 2, Вирус

-Мислам сумата дека ќе е повисока и од 20 милиони евра. Тоа покажува каде отиде корупцијата управувана од врвот на власта. Рекет го сруши политички, а ќе го сруши Заев и право, бидејќи се води кон него, рече Николоски.

Тој укажа дека има и клучно неодговорено прашање во јавноста.

-Неодговорено прашање во јавноста е дали тој навистина пријавил рекет. Тој гради наратив дека тој го пријавил. Ако пријавил добро е да ја видиме пријавата. Ако нема писмена трага, значи не пријавил. Ако пријавил треба да има копија од пријавата. Мислам дека тоа е невешт маркетинг од луѓето околу него и мислам дека истите му велат да поднесува пријави и против мене, рече Николоски.


Од истата категорија