Зошто нема истрага за Галена од Кајмански острови која го купи рудникот Иловица? Ова прашање го постави на седницата за пратенички прашања потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски во македонското Собрание.
-Прашање кое сакам да го поставам се однесува на рудникот Иловица. Сакам да кажам дека таму не може да има рудник затоа што треба да се зачува целиот тој регион и јавно сум го кажувал тоа и прецизно сум го кажувал и во текот на изборната кампања и после тоа. Во 2015 година комисијата за заштита на конкуренцијата на 15 април носи решение со кое што известува за концентрација и кажува дека Друштвото Галена рисорсис еквилит лимитид од Кајманските острови ќе се стекне со контрола на Еуромакс рисосрсис која што е носител на коцесијата за Иловица. Галена рисорсис еквилит лимитид е регистрирана со седиште на Мејпл порпр ексервес лимитид на Гранд кајман на Кајмански острови. Тоа за пошироката јавност е оваа зграда. На оваа зграда според информациите на престижниот британски весник Дејли мејл се регистрирани уште 20.000 компании, а зградата како што гледате е прилично мала, истакна Николоски на крајот од минатиот месец.
Имајќи предвид дека Галена во овој момент поседува 53,1 процент од Еуромакс рисосрсис, а како нивен претставник во бордот на директори се јавува никој друг туку Иван Вутов син на Цоло Вутов еден од најбогатите луѓе во Бугарија кој што се занима со рударство и кој што нема баш вака домар имиџ во однос на неговите аквизиции и во Бугарија и во останати држави во кои што работел.
-Моето прашање е дали односно да бидам попрецизен затоа што не сме виделе ништо во јавноста, зошто надлежните институции кои што се под надлежност на владата, тука пред се мислам на Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање од 15 април 2019 година до денес крајот на годината не го испитале потеклото на капитал на Галена рисорсис имајќи во предвид дека доаѓа од даночен рај од Кајмански острови за кои што поранешниот претседател на САД Барак Обама вели дека се работи или за најголемата куќа во светот што секако дека не е или за најголемата шема за перење на пари? – праша тој.