Со палење на тутунот, тутунарите денеска незадоволни од ниските откупни цени својот револт го истурија на протест пред Владата.

Јавно прашуваат кога ќе се корегира годинашната, како што велат, катастрофална откупна цена на жолтото злато. Незадоволни се од игнорантскиот однос од страна на власта.

Очекуваат средба со Заев од кој ќе бараат како што велат да го прекине грабежот кој се случува на откупните пунтови, каде за килограм тутун се плаќа од 120 до 150 денари за килограм. Потенцираат дека ветувањето на Владата за откуп на тутун по просечна цена од 180 денари не се исполнило.

Според нив, 120 илјади семејства ќе бидат на работ на егзистенција, ако состојбата со откупот на тутунот продолжи како и до сега.