Како член на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ потврдувам дека никогаш не сме добиле покана за соработка, ниту се сеќавам дека предлозите кои сме ги давале како Комисија биле коментирани или прифатени од актуелната власт. За жал некои наши предлози биле прифаќани,ама со големо задоцнување кога ефектите од нив биле занемарувачки, штотуку реагираше на ФБ профилот д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсилогија, инаку член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, и д-р Игор Николов, член на Комисијата на опозиционата партија, истакна:

„Потврдувам дека ниту јас, ниту некој од 38-те членови на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, составена од доктори со долгогодишно искуство, никогаш не сме биле ниту повикани, ниту консултирани за предложените мерки за борба со Ковид 19 како што тврди Зоран Заев на Канал 5“.

Во вечерашниот дуел со Мицкоски, Заев изјави дека во борбата со Ковид 19 биле повикувани и консултирани и лекари кои политички припаѓаат на опозицијата.