Неколку пати во текото на вечерашниот дуел со Мицкоски, Зоран Заев обвини дека опозицијата сака политички да профитира од пожарот во Тетотово и загинувањето на 14 луѓе.

Ако некој злоупотребувал човечки судбини за политиканство тоа е Зоран Заев, истакна Мицкоски.

Тој го потсети Заев како лично тој манипулираше и злоупотребуваше човечки судбини само за да дојде на власт и да седне на фотелја, притоа потсетувајќи го на случаи како малата Тамара, Нешковски, Смилковско езеро.

– Сетете се на малата Тамара, сетете се како ги лажевте родителите на децата од Смилковско езеро, сетете се на Саздо, на Мартин Нешковски. Ако некој злоупотребувал човечки судбини за политиканство тоа сте вие. Мене тоа никогаш не ми се случило ниту ќе ми се случи, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е државоторна партија и никогаш не злоупотребувала несреќи за разлика од СДСМ и Заев кои се пример за злоупотреба на човечки несреќи.