Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев, објави во вечерашната благодарница генсекот на СДСМ, Љупчо Николовски до неговиот шеф Зоран Заев, кој го предложи за вицепремиер за борба против корупција.
– Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси. Ви давам збор дека откако ќе добијам чест да стапам на таа позиција по дискусијата во Собранието, ќе дадам сè од себе за да донесам максимални резултати со кои како граѓани ќе се гордеете. Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре. Знам дека #можеме!- напиша Николовски во својата објава.