Јас како вицепремиер ја имам обврската да ги координирам сите процеси кои се криеле 30 години и тука зборуваме за менталитетот, навиките, дискреционите права, заробените инстиуциуи кои не функционираа, и сите лоши оценки кои ги имаме се последица на тоа, секако мораме да ги поправиме работите, изјави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата.

– Токму затоа денес зборуваме дека на дневен ред се дојдени овие теми поврзани со криминализацијата на државата, изјави Николовски во Утрински брифинг.

Тој додаде дека во тек е формирање на широк фронт за борба против корупцијата.

– Ние сме тим од четворица луѓе ставени во функција на инситуциите кои се борат со корупцијата, дали се институциите или се организации или регулаторни тела. Имавме состанок со премиерот и го известивме што сме детектирале и што нудиме како решенија, ќе има посебна седница на влада за оваа тема, ќе имаме акциски план со еден широк фронт кој ќе застане против корупцијата, како и конкртени задолженија за сите институции, и сето ова покажува дека прашањето ни е на врвот на агендата. Тежок е процесот, но ако сите се посветиме, ќе ги решаваме случаите со корупција, рече Николовски.