Ние во Јордан ќе извезува овошје, зеленчук и јагнешко месо, а од таму во нашата земја ќе се увезуваат урми и маслиново масло, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Тој истакна дека е потпишан прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји од областа на земјоделството.
-Овој Меморандум ќе овозможи зголемување на размената на прехранбени производи особено во извезувањето овошје, зеленчук и јагнешко месо од земјава во Јордан, а увоз на маслиново масло и урми од Јордан, во С. Македонија. Со ова отвораме нови пазари за нашите производи, особено во вакво време на светска криза и предизвикот со обезбеденост со храна, но и ги продлабочуваме билатералните односи помеѓу нашите две земји, објави Николовски на Фејсбук.