Од непочитувана, изолирана земја, доведена до работ на пропаста, за две години С. Македонија ја направивме светол пример за Европа и светот, изјави доскорешниот министер во кабинетот на Зоран Заев и актуелен генерален секретар на СДСМ.
Ја објавуваме оваа вест, со нужна ограда, дека е фејкњус оти сме светол пример во Европа и светот. Од ниеден релевантен извор не е потврдено дека сме светол пример и во регионов, а да не одиме пошироко во Европа и светот.
Единствено пример за светот и Европа сме за рекет кај институциите кои треба да се борат против рекетот и криминалот.