Јас не сум надлежен, прашајте ги надлежните во Владата одговори министерот за земјоделство Љупчо Николовски на прашањето на новинарот на ТВ Алсат. Прашањето на новинарот е: дали трговците имаат право да ги зголемуваат цените на маслото, кое ем го нема ем добива астрономски цени во дуќаните.
– Министерот Николовски видно се вознемири од прашањата на ТВ Алсат. Побаравме одговор, дали ќе биде оправдано најавеното зголемување на цената на маслото за јадење?, објави ТВ Алсат за настанот на кој Николовски инсистираше како одговор на прашањето да кажува какви мерки дава Владата за подобрување на земјоделството.
Телевизијата го пренесувам дијалогот со министерот:
– Ама, министер трет пат ми го кажувате ова. Кога ќе влезат луѓето во продавница да купат зејтин ќе биде за 30 отсто поскап. Вие три пати ми кажувате иста работа. Јас Ве прашувам како министер, дали сега трговците имаат правода ја зголемат сега цената на маслото за јадење?
– Тоа ќе ги прашате надлежните, одговара Николовски.
–Кои надлежни? Вие сте министер во Владата!?- пак прашува новинарот.
– Не е точно, не е точно, прочитајте ги законите, возврати Николовски, го пренесувам дијалогот ТВ Алсат М
-Ама вие сте во Владата втор, трет човек…, инсистира новинарот.
Вака течеше разговорот со министерот Николовски кој како вицепремиер се пофали со „откритие“ канти со путер со изминат рок.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Извор: ТВ Алсат