Министерството за надворешни работи на Кина денеска оцени дека би било „сериозна грешка“ за аргентинската дипломатија доколку земјата ги прекине односите со големите земји како Кина или Бразил.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовна прес-конференција изјави дека Кина е важен трговски партнер за Аргентина и дека аргентинската влада придава големо значење на односите со Пекинг.
Аргентина во неделата го избра десничарот Хавиер Милеи за нов претседател. Милеи претходно ги критикуваше Кина и Бразил, велејќи дека нема да се занимава со „комунистите“, туку би сакал посилни врски со САД. Дијана Мондино, економистка, најавена за нова министерка за надворешни работи, рече дека нејзината земја нема да се приклучи на БРИКС.
Аргентина беше меѓу шесте земји поканети да станат нови членки на БРИКС, блокот составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Аргентина ќе ги „прекине интеракциите“ со владите на Кина и Бразил, изјави Мондино.
„Двете страни имаат силна економска комплементарност и огромен потенцијал за соработка. Кина е подготвена да продолжи да работи заедно со Аргентина за промовирање на стабилноста и долгорочниот развој на билатералните односи“, рече Мао на прашањето на новинарите да ги коментира изјавите на Мондино.
Фото: МИА архива