На општеството му се наложуваат неприфатливи нешта. Не може насила во едно општество да вметнете конвенција против насилството, не може насила да наметнете геј бракови, тоа нема да се случи. Тоа за „Дарик“ го изјавила лидерот на Бугарската социјалистичка партија која е во опозиција, Корнелија Нинова.
Таа додала дека БСП има проблеми со другите европски социјалистички партии по прашањето за Истанбулската конвенција. По прашањето за геј браковите, појаснила:
„Нема да прифатиме никаков притисок. Го спасуваме бугарското христијанско семејство, традиции и деца.“
Таа изјавила и дека очекува многу лични удари поради овој став, но и дека има моменти кога треба цврсто да застанеш зад нешто, сеедно што другите политички лидери се „клатат“.
Истовремено, бугарскиот европратеник од партијата на Каракачанов, која го носи името ВМРО и го поседува целиот имот на организацијата во Бугарија стекнат низ историјата, на учесниците на геј парадата во Софија им посака „бура, грмотевици и град“. На својата ФБ страница, тој напишал одговор на покната да земе учество во парадата или барем да ја поддржи.
„Не сакам по ниту еден повод да си го трошам времето во друштво со туѓи лица од типот на Елза Парини кои се криват качени на некоја платформа, намачкани како статисти во некоја нискобуџетна комедија на ужасот. Тоа е всушност прашање на естетски избор, на што секако имам право“, напишал Џамбаски.
Во Софија околу стотина души се собрале за зачувување на семејните вредности, а исто така, околу стотина души се собрале на парада пред споменикот на Советската армија.