Поранешниот албански претседател Бујар Нишани побара ветинг, односно проверка на потеклото на имотот на сите политичари и доколку не може да се оправда потеклото веднаш да им се одземе.

Додаде дека овој закон треба да биде прв важен документ што треба да го изгласа новиот парламент а доколку тоа не се случи треба да се донесе на референдум.

-Еден месец во текот на изборната кампањата, ниту се зборуваше, ниту чувме осуда за десетици случаи на корупција и кражба, ништо не се зборуваше. Што можеме да сториме за да ја вратиме довербата на луѓето? Прв закон на новиот парламент треба да биде оној за ветинг за политичарите, истрага и одземање на секоја лажица, вилушка, куќа, автомобил, друг имот на секој политичар, што не може да го оправда со парите што ги добивал сите овие години, смета Нишани.

Со ветингот, според него, не треба да бидат опфатени само актуелните, туку и оние кои претходно биле на функција.

-Не само актуелните носители на функции, туку и претседателите на држава, премиери, пратеници, заменици министри и сите други функционери во последните 10 години. Нема да се согласи премиерот Еди Рама? Тогаш на референдум, посочи тој.

Педесет и пет годишниот Нишани, кој на чело на државата беше од 2012 со 2017 година, претходно беше министер за за правда а потоа и за внатрешни работи.

Како претседател на Националниот совет на ПД, Нишани се споменуваше како најсериозен кандидат за нов лидер на партијата, но не се кандидира а од четворицата кандидати тој ја подржува Едит Харџи.

Меѓу другото, тој, често го посочува како главен виновник за поразот на парламентарните изборите од 25 април актуелниот претседател на Демократската партија, Љуљзим Баша, кој пак обвинува за изборен масакр.

Поради процесот на проверка на потеклото на имотот во правосудството во Албанија ма недостиг на судии и обвинители а речиси три години земјата беше и без Уставен суд.