Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ќе има средба со помошниците за национална безбедност на која ќе се разгледува можноста за суспендирање или откажување на воената помош за Украина, објави Њујорк тајмс, повикувајќи се на неименуван претставник на администрацијата на Трамп.

На средбата ќе присуствуваат и државниот секретар Марко Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, за да „разгледаат и евентуално да преземат акција за низа политички опции за Украина“.

– Разговорите би можела да бидат за суспендирање или прекин на американската воена помош за Украина, вклучително и последните пратки со муниција и опрема одобрени и платени за време на администрацијата на Џо Бајден, истакна тој.

фото: ЕПА