Украинската војска се измачува да ја пробие руската одбрана во голем дел затоа што има премногу војници на погрешни места вклучително и некои од нејзините најдобри борбени единици, објави денеска Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани американски претставници.

Еден од нив наведува дека главната цел на контраофанзивата треба да биде прекинување на руските линии за снабдување во јужна Украина, но наместо тоа, според официјалниот претставник, украинските команданти подеднакво ги поделиле трупите меѓу истокот и југот.

Како резултат на тоа, повеќе украински војници се лоцирани во близина на Бахмут и други градови на исток отколку во близина на Мелитопол и Запорожје на југ, што се стратешки поважни.

Неименуваниот функционер забележува дека темпото на контраофанзива може да се смени само со драматична промена на тактиката.

Друг соговорник на американскиот весник истакнува дека Украинците се премногу разместени на разччични страни и дека треба на едно место да ја консолидираат својата борбена моќ.

Американските власти велат дека постојат индиции дека Украина почнала да преместува дел од своите поискусни борбени трупи од исток кон југ, но дури и најискусните единици биле заменети неколку пати поради бројни жртви.

Тие сега се потпираат на се помал број високи команданти, додека некои единици главно се екипирани со војници кои се ранети и вратени во борба, рекоа неименуваните официјални лица.