Александар Подлесњи прво видел скок, а потоа препознал облик на волк. Првата мисла му била – од каде тоа тука? Додека волкот му ја стегал раката, втората мисла му била – или јас ќе го убијам него или тој ќе ме убие мене, пишува Њујорк тајмс.
Подлесњи (41) излегол од своето полско ве-це утрото на 9 декември и е пример за последиците на војната која почна пред четири години во Источна Украина меѓу украинските сили и сепаратистите подржани од Русија.
Ловот е забранет во области оддалечени дури 60 километри од линијата на фронот за да се намали конфузијата околу тоа кој пука и на кого. Резултат од тоа е зголемен број на популациоја на фазани и зајци. А, лисиците и волци се појавуваат во се поголем број.
Соседот вели дека се упатил кон Подлесњи за помош и дека со помош на клуч за гуми ја отворил устата на волкот. Потоа војник од гарнизонот од преку пат дотрчал и го убил животното со истрели од огнено оружје. Волкот кој тоа утро напаѓал други животни во областа, најверојатно бил бесен, но аутопсија не е извршена.
– Војната ги носи брат кон брат и влијае на сите и на секого, изјави Подлесњи во средината на јуни. Нападите врз селани се реткост во степите во источна Украина, а се вложуваат напори да се вакцинираат волците и лисиците.
Но, селаните и ловците се загрижени за безбедноста на децата, миленичињата и домашните животни. Во селото Мајколаипилија жителите сметаат дека волците убиле девет кучиња во февруари и март.
Пред војната што почна во 2014 година, ловечките друштва издаваа дозволи за отстрел на одреден број фазани или зајци. Селаните велат дека можеле да убијат неограничено многу лисици кои се сметаат за штетници и волци иако тие ретко може да се видат.
Сега во Доњецк има околу 300 волци, стотина повеќе отколку пред војната, вели Александар Богданов, шеф на локалното ловечко друштво. За време на војната цивилите многу ризикувале ако излезат со пушка. Може да нагазат врз мина или да ги погоди снајпер, вели Виктор Стороженко, шеф на Канцеларијата за шуми и лов во Доњецк. Ловците велат дека популацијата на лисици во источна Украина е зголемена за четири пати .
Минатиот ноември Николај Јаструра отишол до езерото во селото Звирове за да лови риби. Наместо тоа, дознал дека лисиците гризат.
Јастура (78) вели дека ја видел лисицата како трча кон него и дека првично се обидел да ја избрка со капата, но потоа со неа се борел и загубил дел од малиот прст на левата рака пред да ја убие. Лисицата имала беснило, но Јастура не бил инфициран.
Ловечките организации велат дека се обидуваат да спречат епидемија на беснило што го шират лисиците. – Засега успеваме, вели Игор Савон претседател на ловечко и риболовно друштво во областа Словјанск. Ако напорите да се контролира популацијата на диви месождери дополнително се намалува или во целост запре, „тоа ќе биде неконтролиран проблем“, предупредува тој.