Во Њујорк воведена е дигитална пропусница за сите вакцинирани граѓани со цел повторно да се овозможи безбедно одржување концерти, натпревари и други јавни настани во присуство на јавноста, пренесува порталот Форбс.
Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо најави воведување на дигитална пропусница, наречена Екцелзиор, изработена во соработка со IBM, која се добива бесплатно и на доброволна основа, и е прва ваква иновација во САД.
– Прашањето за јавно здравје или и економијата е поставено погрешно од самиот почеток, бидејќи одговорот треба да биде – и двете, рече гувернерот Куомо.