Тројца припадници на Националната гарда загинаа кога нивниот хеликоптер се урна на рутински лет западно од Њујорк, соопштија властите.

– Хеликоптер за медицинска евакуација UH-60 се урна во близина на малиот град Мендон во близина на Рочестер, изјави Ерик Дар, директор на одделот за воени и поморски работи на државата Њујорк.

Истрагата за околностите на несреќата е во тек. Хеликоптерот полетал од меѓународниот аеродром во Рочестер.