Капитенот и голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер нема да игра во последното, 34. коло од фудбалското првенството на Германија со Ајнтрахт.

Ова го најави тренерот на Баварците, Нико Ковач.

– Нојер постигнува напредок. Тој е во фаза на закрепнување, но тој нема да игра овој викенд, изјави Ковач.

За потсетување, голманот беше повреден на средбата со Фортуна во 29. Коло.

Баерн Минхен в сабота го пречекува Ајнтрахт Франкфурт и со евентуална победа ќе освои нов шампионски трофеј во Бундеслигата.