Непознат сторител синоќа околу 23.50 часот на ул. Ваташа во Битола, истурил запалива течност врз предниот дел на патничко возило „тојота аурис“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.П. (74), по што ја запалил.
Како што соопшти МВР, пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.