Дваесет и девет годишниот Амар Исмани од Скопје популарен пејач е жртвата по синоќешното пукање на Пластичарска улица, дознава ТВ21.
Првично избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до пукање.
Исмани, како што наведува ТВ21, беше пејач со популарни видеа, поставени на видео-платформата Јутуб.
„Инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје. Вкупно три лица биле хоспирализирани. Во 23 часот и 45 минути едно лице е хоспитализирано во ГОБ Наум Охридски и итно префрлено во операциона сала. Во исто време во Клинички центар пријавено е дека имаат примено две лица со повреди од огноено оружје“, објави ТВ21.
Од Министерството за внатрешни работи во изјава за „Слободен печат“ велат дека во 23 часот и 40 минути во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Никола Карев“ во Скопје имало пукање.
Во 23 часот и 45 минути од Градската болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 24-годишниот Т.А. од Скопје. Во 23 часот и 51 минута од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени 19-годишниот О.Б. и 29-годишниот А.И. Двајцата се од Скопје. По укажаната помош А.И. починал 45 минути по полноќ.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.