Норвешката полиција ги истражува извештаите за забележаното беспилотно летало над комплексот за преработка на гас Корсто во југозападниот дел на земјата.

По истекувањето на гас од гасоводите Северен поток, за безбедноста на норвешките објекти за извоз на енергија ангажирана е Внатрешната гарда, кој е дел од структурите на Министерството за одбрана.

Откако значително се намалија испораките на гас од Русија, Норвешка стана најголемиот европски извозник на сино гориво.

Уште пред инцидентите со гасоводите норвешката агенција за безбедноста на нафтените постројки ги повика компаниите да внимаваат на неидентификувани беспилотни летала.

Норвешката полиција вчера реагираше на заканата упатена по телефон кон фабриката за преработка на гас Нихамна, која заедно со Корсто и неколку други локации во оваа скандинавска земја се рангирани меѓу најголемите капацитети за извоз на енергија во Европа.