Бројот на починати од ковид во Русија се зголеми за 1.211 во последните 24 часа, во споредба со 1.190 еден ден претходно, што е најнов црн рекорд од почетокот на пандемијата.
Од почетокот на пандемијата досега од Ковид-19 починале вкупно 249.215 пациенти, покажуваат податоците на Рускиот кризен центар за борба против коронавирусот.
Русија по последните 24 часа регистрира 39.160 новозаразени со коронавирусот, што е најмал број во изминатата недела.
Така, вкупниот број на заразени со Ковид од почетокот на пандемијата достигна 8.873.655 случаи, соопшти Кризниот центар за борба против корона вирусот.