Компанијата „Новоматик Македонија“ и македонскиот фудбалски шампион Вардар попладнево потпиша нов договор за соработка. Генералниот спонзор „Новоматик Македонија“ следната сезона финансиски ќе го помогне Вардар со еден милион евра.

Двете страни се задоволни од продолжување на соработката.
Во Новоматик Македонија во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, сме многу горди што ги поддржавме амбициите на најтрофејниот македонски клуб кога беше најтешко и кога ФК Вардар требаше да се подигнува од амбисот. Уште повеќе што нашата повеќегодишна соработка ја крунисавме со нова титула на ФК Вардар. Денес, заедно со капитенот, Горан Закариќ, објавуваме дека светскиот шампионски бренд во игрите на среќа ја продолжува поддршката на македонскиот фудбалски шампион Вардар! Патот до спортскиот успех на ФК Вардар беше тежок, но ние никогаш не престанавме да веруваме. Како што сега веруваме дека следуваат уште многу блескави спортски успеси, рече Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.
Капитенот на „црвено-црните“ Горан Закариќ се заблагодари за поддршката.
– Во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите упатувам јавна благодарност што Новоматик Македонија беа со нас кога ја започнавме најтешката битка за враќање на довербата на навивачите, на спортската, но и на пошироката јавност. Довербата на Новоматик Македонија во нашиот проект придонесе да ја освоиме 12-та титула фудбалски шампион во македонското национално првенство, изјави Закариќ на денешната заедничка прес-конференција.
Ианку, Новоматик Македонија во 2025 година стана спонзор и на Фудбалската федерација на Македонија, а од спортските екипи е спонзор и на КК МЗТ Скопје Аеродром и на ФК Кожув. (МИА)




