Општина Аеродром, како што вети, денеска почна со реконструкција на теренот во близина на Спортскиот центар Јане Сандански што ќе биде нов дом на најтрофејниот македонски ФК Вардар и навивачката група Комити.

На Фејсбук страницата на Општина Аеродром беше објавено дека почнала работата за реконструкција на теренот на игралиштето, кој е во многу лоша состојба.

– Почетниот чекор во насока на обезбедување нов дом за ФК Вардар и Комити Скопје, опфаќа целосна реконструкција на системот за одржување на теренот и поставување нова тревна површина. Со инвестиција на одговорните компании од околу 2 милиона денари, првиот тим и младинските школи на ФК Вардар ќе добијат место на кое ќе можат да ги одржуваат своите тренинзи и натпревари, објавија од општината.

Вардар обезбеди пласман во Прва лига за претстојната сезона, а прашањето со терен на кој ќе ги игра натпреварите уште не е решено.