Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ остро ја осуди работата на Министерството за надворешни и европски прашања, бидејќи не ја информирало јавноста за Маракешката декларација за правна миграција и тоа сега предизвикува контроверзии околу тој документ.
Претседателката рече дека „ниту ја поддржува ниту не ја поддржува” Маракешката декларација.
Таа смета дека е потребен глобален договор за миграција, но „тој не смее да биде спорно прашање меѓу државите”.
„Од ден на ден има се поголем број држави кои се откажуваат од овој договор од различни причини. Јас не се водам според САД, ниту според Австрија ниту според било која земја, туку за интересите на Република Хрватска”, истакна таа.
Му го грабна микрофон на новинарот
Но, обраќањето на Колинда до новинарите, беше проследен со една, неверојатна ситуација. Имено, новинарот на Н1, кој постојано ја прашуваше за Договорот од Маракеш.
Во еден момент Колинда му го грабна микрофонот на новинарот на Н1, кој постојано ја прашуваше за Договорот од Маракеш, и не го пушти од раката и го влечеше накај себе, па новинарот мораше да се навали нанапред за да го чуе неговото прашање.
Погледнете ја снимката!