Седумдесет и девет ученици беа киднапирани денеска  во регион на Камерун каде најмногу се зборува англиски јазик и каде сепаратистите водат  оружена кампања за независност, соопшти владин извор.

Учениците беа киднапирани заедно со нивниот директор, учител и возач.

Потрагата по киднапираните е почната – секој човек е повикан, изјави владин извор говорејќи по кризниот состанок.

Киднапирањето се случува по изборите на 7 октомври, на кои 85-годишниот претседател Пол Бија, кој владее со земјата 35 години, го обезбеди седмиот мандат на функцијата.

Околу една петтина од 22 милиони жители на Камерун зборуваат англиски јазик – малцинство чие присуство датира од колонијалниот период.