Парламентот на Јужноафриканската Република повторно го избра Сирил Рамафоса за претседател на земјата. Тоа е втор негов претседателски мандат.
„За“ Рамафоса гласаа 283 пратеници, а 44 гласале за лидерот на опозициската партија Борци за економска слобода, Џулиус Малема.
Претходно партијата Демократски сојуз најави дека ќе гласа за Рамафоса во согласност со договорот со Африканскиот национален конгрес за формирање на влада на единство.
фото: Архива