Најмалку 15 цивили загинаа, а десетици се повредени во ноќен напад на израелската армија врз станбени згради во Рафа, јави дописникот на Ал Џезира.
Од друга страна, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека интензивните борби меѓу војниците и оперативците на Хамас продолжуваат во Кан Јунис, како и во централниот и северниот дел на Појасот Газа.
Истовремено, ИДФ информира дека израелските воздухопловни сили извршиле напади врз различни цели на Хамас низ Појасот Газа.
Во централна Газа, бригадата Нахал убила неколку оперативци на Хамас и заробила други во текот на изминатиот ден, според ИДФ, пренесува Тајмс оф Израел.
Медиумот известува и дека во западниот дел на Кан Јунис, бригада командоси извршила рација на неколку локации на Хамас, убила неколку вооружени лица на Хамас и запленила оружје.
фото: ДПА архива