Едно лице е убиено, а две се повредени во нападот во воз во Фленсбург, јавуваат локалните медиуми.
Напаѓачот е убиен, а повредени се двајца полицајци кои се обиделе да го совладаат напаѓачот, јавува Дојче веле.
Полицијата добила повик поради кавга која се случила во возот синоќа околу 19 часот. Двајца полициски службеници влегле во возот на главната железничка станица во Флензбург.
Напаѓачот со нож ја повредил полицајката, по што нејзиниот колега пукал.
Полицијата потврди дека едно лице е убиено, а мотивот и околностите додека излегува оваа бест, се уште не беа расчистени.