Петре Шилегов направи противзаконска промена на имињата на улиците, се истакнува во денешната реакција на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, која најави укинување на оваа одлука по судски пат.
-Согласно Законот за именување на улици, мостови и инфраструктурни проекти ваква промена не е можна 6 месеци пред оддржување на избори и една година пред оддржување на попис. Со ова Шилегов брутално го прегази законот. Воедно ја наруши и процедурата на носење на измените, ниту пак е дадена согласност од општините која е неопходна согласно законот. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе иницијатива по судски пат да биде укината оваа противправна одлука на Шилегов. Воедно оваа одлука на Шилегов знаци и минимум 100 евра нова давачка на компаниите чие име на адреса се менува согласно новите одлуки на Советот. Со тоа Шилегов во едни тешки услови на здравствена и економска криза наметнува нови давачки и арач за грѓаните. Ова е недозволиво насилие кое нема да помине, соопшти Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Градоначалникот Шилегов со ова истера „уште еден негов проект“ за промена на имињата на стотици улици во Скопје, а на некои им беа вратени старите имиња.