Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје доби нова дигитална телефонска централа, која ќе ја замени старата, аналогна централа на која досега се примаа повиците за интервенции.

– Дигиталната централа е стигната. Треба да се монтира. Ќе имаме дигитална линија на 193 и сите повици ќе бидат снимени, односно ќе нема пријава на пожар што нема да биде регистрирана и снимена. Точно ќе знаеме кој се јавува и од каде се јавува, вели командантот на ТППЕ, Владимир Симоновски, во интервју за МИА што ќе биде дополнително објавено.

Посочува дека имале проблеми со старата централа и оти на нивно барање, Град Скопје ја има набавено новата централа.

Набавката на дигиталната централа ја најави и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на својата Фејсбук-страница во статус каде што говори за модернизацијата на Противпожарната единица на Град Скопје.