Од вчера низ Штип се поставени пунктови за собирање на парични средства за лекување од Ковид-19 на 54 годишниот штипјанец Ристе Донев.
Донев шест дена се лекувал во штипската болница, но откако здравствената состојба значително му се влошила, требало да биде хоспитализиран во Скопје, пренесува „Алфа“. И дебелите врски кое ги фатило семејството не дале резултат. Единствено решение за да го спасат, им било да го хоспитализираат во приватна клиника.
-За лекуваање на државно, пробавме секаде, па дури и преку министерот Филипче. Единствено место имаше во Козле, меѓутоа таму ми рекоа дека е за полесни пациенти и ништо не успеавме да направиме на државно и покренамае иницијатива за хоспитализирање во приватна клиника, изјави пред камерите на „Алфа“ неговиот син Михаило Донев.
Донев и неговата сопруга се текстилни работници. За лекување се потребни над 12.000 евра, но само за првите десет дена . Семејството нема доволно средства , па затоа неговиот син на социјалните мрежи упати апел до сите хумани луѓе да им помогнат во оваа тешка битка.
Се поставија пунктови на неколку локации во градот, а може да се донира и тука.
Кога пробале да направат сметка за донации биле изненадени од апсурдниот одговор што го добил во една од банките.
-Ми барат и негов потпис за полномошно, а он не може. Им објаснив дека тој секој момент може да биде ставен на респиратор и не може. Тие ми велат, не мора тој да те овласти, затоа што е над 18 години. Има 53 години, вели неговиот син Михаил Донев.
Состојбата во источниот регион станува се поаларматна. Капацитетите и во двата ковид центри во Кочани и Штип се речиси полни. За да се обезбедат дополнителни кревети се прават реаорганизација на одделенијата. Во Штип пациенти со полесна клиничка слика ќе се хоспитализираат на кожно, а во Кочани на одделението за физикална терапија.