Многу припадници на полицијата, армијата, членови на обезбедувањето на политичарите беа распоредени долж трасата на која се одржуваше манифестацијата за Денот на независноста. Но, во еден момент како сите овие да заспаа! Имено на оваа манифестација се случи еден клучен безбедносен пропуст за кој во други држави би „летале оставки“ истиот ден, пишува скопски Курир.

Говор на оваа прослава имаа претседателот на Владата Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски. Токму кога требаше да говори Стево Пендаровски се случи огромен безбедносен пропуст, кој, доколку некој сакал да изврши атентат, можел лесно да го искористи.

Во моментот кога претседателот Пендаровски се движи кон бината на која требаше да одржи свечен говор, во еден миг позади него, во непосредна близина поминува човек на велосипед, пишува порталот. До првиот човек на државата не се наоѓа ниту еден член на неговото обезбедување, а по безбедносен протокол за обезбедување на ВИП личности, до него во тој момент морало да има минимум четири лица кои ќе го обезбедуваат.

Но, како човекот со велосипед успеал да помине покрај сообраќајната полиција и како ниту еден од нив не јавил по врска велосипедистот да биде сопрен од останатите нивни колеги?

Извори на КУРИР кои биле во непосредна близина на бината каде седеле ВИП личностите информирале дека во моментот кога било забележано лицето на велосипед, од страна на обезбедувањето на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз веднаш бил направен кордон околу неа, не знаејќи што с еможе да се изроди од овој настан во кој прво помислувате на најлошото сценарио.

Откако велосипедистот го одминал Пендаровски, видно вознемирен бил и Зоран Заев, но и Оливер Спасовски. Спасовски, откриваат изворите на Курир кои биле на лице место, истиот момент станал и со висок тон се обратил кон одговорните за обезбедување на местото, а изворот вели дека министерот за внатрешни работи им се заканил и со откази од работното место.

Одговорност за овој настан мора да има, но залудно ќе беше доколку тој ден се случеше уште една катастрофа, пред таа во Тетово.

Што ако некој сакаше да изврши атентат врз Пендаровски?

Звучи сериозно, но целата ситуација и е многу сериозна!

Имено доколку навистина беше обид за атентат врз шефот на државата, атентаторот со голема леснотија ќе го извршел.

Безбедносните пропусти кои беа направени дента, само ја покажуваат ранливоста и нефункционалноста на системот, за кои актуелната власт ги убедува граѓаните дека функционира.

Редакцијата на КУРИР побарала одговори на повеќе прашања во врска со безбедносниот пропуст од Министерството за внатрешни работи и од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, но до објавување на нивниот текст не добиле одоговор.