Откако минатата недела застана зад двократниот европски ракометен првак Вардар 1961, македонската компанија Пантелеон ГС објави денеска дека станува нов партнер и на најтрофејниот домашен фудбалски клуб Вардар со што „севкупно застанува зад овој наш најпрепознатлив спортски бренд“.

Компанијата наведе дека соработката е мотивирана од желбата да помогне „да се врати имиџот и сјајот“ на 11-кратниот македонски фудбалски шампион, кој изминатите години е во голема финансиска криза, а сезонава по двегодишна пауза се врати во Првата лига.

– „Пантелеон ГС“ како компанија е горда што може да се поврзе со еден од најголемите брендови во регионот. Поддршката на ФК Вардар за Пантелеон ГС е дел од корпоративната стратегија за поддршка на локалната заедница и опкружувањето во коешто работи, изјави административниот директор на „Пантелеон ГС“, Влатко Палчевски.