Фирмата Атриум ДОО од Вевчани, која е во сопственост на семејството на пратеникот Крсто Мукоски добила уште еден тендер од државата.

Пред крајот на минатата година, на 30 декември 2019-та, Атриум ДОО од Државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор добила тендер за изградба на објект во Свети Николе во вредност 76.960.351 денари или 1.251.000 милиони евра.

Пратеникот Мукоски беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ откако гласаше за промена на името на Република Македонија.

Тој долго време од медиумите блиски на власта беше „промовиран“ како „пратеникот што отвори врата“ во Парламентот, а откако стана лојален на власта почнаа да му се отвораат врати за тендери.