Наместо 40 часа, администрацијата ќе работи по 36 часа неделно е предвидено со новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија.

Администрацијата, како што објави Слободен печат, е предвидено од понеделник до четврток да работи по 8 и само 4 часа во петок.

Овој закон е објавен на ЕНЕР и истекува рокот за коментари, а го подготви Министерството за информатичко општество и администрација.

Членот 55 се однесува на работното време и се предвидува дека полното работно време на административните службеници да изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон или колективен договор поинаку не е утврдено.

За неполно работно време на административците ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, пишува во законот кој беше ставен на ЕНЕР на 21 септември годинава и по коментарите треба да оди на усвојување.

Во моментов во приватниот сектор речиси во секоја фирма се работат по повеќе од 40 часа неделно, вклучувајќи саботи и недели.