Здравствениот систем остана без КАРИЛ.
Скопски Курир тврди дека клиниката вчера е поплавена и е надвор од функција.
Пациентите веќе се препраќаат по други болници и клиники, а за тоа стигна и официјално соопштение потпишано од министерот Беким Сали.
Во соопштението стои дека КАРИЛ има „технички проблеми“. Какви се тие проблеми поради кои најтешко болните пациенти мора да се препраќаат во други болници, па дури и во Штип, Битола и Тетово, Сали не објаснил.