Владата на Нов Зеланд ја разгледува можноста за тоа да воведе дополнителен одмор, со цел да го зајакне домашниот туризам.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека тоа е една од идејите што потенцијално може да и помогне на економијата во земјата.

Туризмот е главниот сектор на економијата на Нов Зеланд, а странските туристи во моментов не доаѓаат во земјата поради пандемијата на новиот коронавирс, па секоторот е во тешка позиција.

– Мојата порака до граѓаните е да дојдат и да го истражат сопствениот двор, да се запознаат со културата и гостопримството на Маорите, изјави Ардерн.

Нов Зеланд ги олабави рестриктивните мерки во последните неколку седмици. Владата на Нов Зеланд, што воведе еден од најстрогите карантини во светот, соопшти дека вирусот е елиминиран во земјата.