Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека заплениле 3,2 тони кокаин, проценет на 279,5 милиони евра, кој пловел преку Пацификот, најверојатно наменет за Австралија.
На фотографија објавена од полицијата на Нов Зеланд се гледаат пакети со дрога кои пливаат во океанот, прикачени на сплавови пред заплената.
„Ова е една од најголемите заплени на дрога во земјата“, рече комесарот на полицијата на Нов Зеланд, Ендрју Костер.
Новозеландскиот царински контролор Бил Пери ја процени вредноста на запленетиот кокаин на 279,5 милиони евра.
Полицијата досега не уапсила никого.