Полицијата утрово спроведува силна акција против голема мрежа на перење пари и лихварство, објави Курир.

МВР, преку Одделот за организираниран криминал при БЈБ и во тесна соработка со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК утрово е во обемна акција низ Скопје, се прават претреси на повеќе од 15 тина локации.

Откриена е и во тек е сузбивање на силна криминална мрежа – група на лица и фирми кои переле пари и се занимавале со лихварство и останати незаконски активности.

Според неофицијалните податоци се работи за околу 2 милиони евра, црни пари, кои биле внесувани во легалните финансиски текови и се купувало недвижен и подвижен имот.

Полицијата и конкретни јавни обвинители отвараат ново поглавје во битката против организираниот криминал, а државата конечно тргна кон најсветото на криминалците – нивното богатство, ваквите акции ни даваат надеж дека ќе се зададат силни удари по финансиските империи на криминалците и конечно ќе се запленат и одземат нивните добра.