За разлика од 2015 и 2016 кога низ Македонија поминаа околу еден милион бегалци и мигранти, во моментов станува збор за околу 50.000 во регионот од Албанија до Хрватска, но и тоа е дволно да се крене паника

 

Властите во Сараево како  и меѓународни организаци кои се занимваат со прашања на бегалци соопштија дека Босна и Херцеговина тешко се справува со напливот на неколкуте илјади мигранти, повеќето од Блискиот Исток кои се обидуваат да стигнат до некоја земја од Западна Европа. Инситуциите на БиХ усвоиле нацрт-информации во врска со илегалните имигранти, а според еден документ дури постои можност и да се затворат границите. Но Советот на министрите на БиХ побарал од вооружените сили да ја соопштат нивната бројчаност и да кажат со колкав капацитет можат да помогнат за контрола на границата доколку тоа се побара од нив.

Годинава околу 4.000 лица од Сирија, Ирак, Турција, Алжир и од Авганистан влегле во Босна, што е за околу 700 проценти повеќе од лани, односно кога влегле само 755 мигранти. Но, работите се сменија откако Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија поставија силни гранични контроли, па мигрантите сега отворија нова и многу поопасна и поскапа рута преку која одат кон некоја заподноевропска земја. Сега тие велат дека се приморани од Грција да одат во Албанија, потоа преку Црна Гора и Хрватска до Босна, по што продолжуваат понатаму. Но, во моментов околу 1.500 бегалци се вратени од Хрвтаккс аили од Словенија, а земјата има капацитет да прими само околу 200 лица.

-Нова рута е многу тешка и опасна. За да стигнеме до Хрватска мораше да поминеме могу тежок терен, а по пат имавме непријатни средби со диви животни како волци и мечки, а изненадени сме колку многу отровни змии видовме на нашиот пат. Страшно! – кажа за хрватски медиум еден мигрант.

Но, нивните маки продолжуваат и понатаму, а на пример за да ги преминат преку реката Дрина плаќаат по 1.000 евра.

Се огласи и Дуња Мијатовиќ, комесарка за човекови права на Советот на Европа која ги криткуваше босанските власти заради „недостиг од систематски одговор“, при што посочи дека семејства спијат на отворено, а тоа не смее да се дозволи.

Инаку, претставниците на Високиот комесар за бегалци на ОН (УНХЦР) и на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) објавија дека меѓу Грција и границата на Хрватска има меѓу 40.000-50.000 бегалци и притоа истакнуваат дека во моментов нема знаци дека може да се повтори големата бегалска криза од 2015 и 2016 година.