По примените седум гола од Баерн Минхен и поразот од 2:7 на свој терен во ЛШ, Тотенхем пред малку доживеа нова катастрофа претрпувајќи пораз од 3:0 од аутсајдерот Брајтон кој досега на седум натпревари имаше постигнато само пет голови.

Овој пораз на Тотенхем во осмото коло од Премиер лигата веќе ги подгрева сомневањата дека станува збор за бојкот кон тренерот Почетино кој, ако вака продолжат работите, ќе мора да си замине.