Како и секој четврток, Европскиот центар за контрола и превенција на болести  (ЕЦДЦ ) ја ажурираше картата на корона на ЕУ. Речиси цела Европа е во темноцрвена боја, освен два региони во Полска и еден во Романија.

Боите за поединечни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестираната популација.

Врз основа на оваа карта, секоја земја може да ги заостри или ублажи условите за влез на патници.

Веќе неколку недели нема зелена или портокалова зона, а како што можеме да видиме на овонеделната мапа, темноцрвената зона се шири во Европа и речиси и да нема земја што не е во оваа боја.

Само одредени региони на Полска и Романија се во црвено.