Антонио Апостолски, адвокатот на Сашо Мијалков изјави дека според Законот за кривична постапка, лицето на кое му се одредува притвор прво треба да даде исказ во судот, а потоа да му биде определен притвор.
Адвокатскиот тим на Мијалков најави дека ќе поднесе жалба откако поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) синоќа беше спроведен од хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје во затворот во Шуто Оризари.
– Денес го примивме решението, во текот на денешниот ден ќе поднесеме жалба. Законот за кривична постапка наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде донесено решение за притвор – изјави Апостолски.