Ерлинг Халанд дебитираше со неверојатна нова фризура на натпреварот на Манчестер Сити против Борнмут во Премиер лигата. Неговата долга руса коса ја нема, заменета е со остра, многу куса фризура, на големо изненадување на соиграчите и тренерот Пеп Гвардиола.
Фудбалерот објави низа фотографии од целиот процес, истакнувајќи дека е време за промена.
Суперѕвездата на Премиер се пофали со новиот изглед, изјавувајќи: „Кратка коса, не ми е гајле“ и „Нова сезона, ново шишање“.




